Шок на „Камп Ноу“: Меси и официјално ја напушта Барселона – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/21 7:00 PM

Шок на „Камп Ноу“: Меси и официјално ја напушта Барселона

Иако минатото лето се чинеше дека сагата Меси-Барселона ја доживеа својата кулминација, откако Аргентинецот сепак реши да остане уште една сезона на „Камп Ноу“, сепак односите во Блауграна не се толку едноставни.

Лео Меси и официјално го напушта клубот и од сезоната 2021/22 нема да биде играч на Барселона. И покрај тоа што двете страни постигнале договор за продолжување на соработката, истиот нема да може да биде формализиран поради економски и структурни пречки (стриктните правила во шпанска Ла Лига), соопштуваат од Барселона.

-Соочени со оваа ситуација, Лионел Меси нема да продолжи со Барселона. Двете страни жалат заради неисполнувањето на желбите на играчот и клубот. Барселона му се заблагодарува на Меси за неговата контрибуција и му посакува се најдобро во професионалниот и приватниот живот, стоеше во соопштението на клупскиот веб-сајт.

Засега е непозната која е следната дестинација на аргентинскиот фудбалер. Манчестер Сити и ПСЖ се јавуваат како најсериозни кандидати за неговиот вреден потпис.

 

Фото:

Twitter