Бразилската полиција заплени 1,3 тони кокаин – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 7:20 AM

Бразилската полиција заплени 1,3 тони кокаин

Бразилските власти соопштија дека во пристаништето Сантос откриле и заплениле 1,3 тони кокаин, на брод кој пловел под италијанско знаме.

Дрогата била скриена во два контејнера на бродот Гранде Франча, кој во Сантос пристигнал од Аргентина.

Од почетокот на година во Сантос во 27 операци запленети се рекордни 13,52 тони кокаин, додака во текот на 2017 година конфискувани се вкупно 11,54 тони кокаин.