(Видео) Бегајте, спасувајте се – Делчевско во пламен, жителите со автомобили и трактори ги напуштаат куќите – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/21 3:01 PM

(Видео) Бегајте, спасувајте се – Делчевско во пламен, жителите со автомобили и трактори ги напуштаат куќите

Вистинска катастрофа се случува во делчевско. Жителите велат дека поголем дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, сега  горат во Курачко маало. Пламените јазици р’шум прават во Нов и Стар Истерник. Ветерот е многу силен, не се сопира.

Жителите на овие села велат дека градоначалникот на Делчево на сите што можат сами да се снајдат им рекол „Бегајте, спасувајте се“, бидејќи  старите и изнемоштените ќе ги спасувале заедно со останатите жители.

Жителите со автомобили и трактори ја собираат покуќнитата бегаат кон Делчево.

-Само Госод ако ни помогне. Лугето бегаат се иселуваат, велат исплашено жители на овие села.

Градоначалникот Горан Трајковски исто така и официјално упати апел за евакуација на жители од критичните реони во селата Нов Истевник и Стар Истевник да се евакуираат во градската средина.

-Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е  евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.  Воедно, се апелира, жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замаф во атарот на селото, велат од Општина Делчево.

ММС