Вистинска катастрофа се случува во делчевско. Жителите велат дека поголем дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, сега горат во Курачко маало. Пламените јазици р’шум прават во Нов и Стар Истерник. Ветерот е многу силен, не се сопира.
Жителите на овие села велат дека градоначалникот на Делчево на сите што можат сами да се снајдат им рекол „Бегајте, спасувајте се“, бидејќи старите и изнемоштените ќе ги спасувале заедно со останатите жители.
Жителите со автомобили и трактори ја собираат покуќнитата бегаат кон Делчево.
-Само Госод ако ни помогне. Лугето бегаат се иселуваат, велат исплашено жители на овие села.
Градоначалникот Горан Трајковски исто така и официјално упати апел за евакуација на жители од критичните реони во селата Нов Истевник и Стар Истевник да се евакуираат во градската средина.
-Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, неопходна е евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник. Воедно, се апелира, жителите да бидат крајно внимателни и да не се движат во критичните реони. Поради неконтролираното ширење на пожарот се предупредуваат и жителите на с. Тработивиште да бидат крајно внимателни и да ја следат состојбата со цел брза реакција доколку пожарот земе посилен замаф во атарот на селото, велат од Општина Делчево.
ММС


