Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи со Ковид-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се четири починати лица: две од Скопје (61г и 66г) и по едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г). Починати се во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројот на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а на активни случаи изнесува 955.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 275, по него е Тетово со 285 активни случаи.