За прв пат во историјата на Олимписките игри, каратето се воведе како десциплина, а нашата прилепчанка Пулексенија Јовановска го освои 9-тото место. Таа е претпоследна во оваа категорија, но, сепак, и покрај ваквиот пласман Македонија е горда на својата преставничка.
Таа за ММС вели дека е горда на својот успех и среќана е што го оствари нејзиниот сон.
– Се чувствувам горда на себе, што издржав ваков притисок, да излезам на таа голема сцена и да го дадам својот максимум. Прецизни елементи,брзина, снага,ексклузивност… притоа да бидам стабилна и смирена. Да задржам концентрација и фокус. Презадоволна сум од тоа што покажав на татамите. Лично јас сметам дека заслужив место помеѓу првите 6. Но ова е спорт, во мојата дисциплина одлучуваат исклучиво судиите. А тие секогаш се на страната на големите земји. Македонија покажа дека може да се носи со сите нив, минималната разликата во бодови помеѓу останатите покажува дека местото ми беше таму, рече Пулексенија.
Без оглед на резултатот, таа е среќна што е првиот каратист од Македонија, кој учествувал на ОИ.
-Пресреќна сум, имав чест да бидам првиот каратист од Македонија што настапува на Олимпијада. Чест ми беше што нашето знаме беше таму, 9то место е сериозен пласман на кој што сум горда. Македонското карате има огромен успех, сакам да бидам поттик за младите генерации. Ова е навистина најголемиот спортски спектакл, им посакувам на сите спортисти да бидат упорни и да веруваат, да си го остварат сонот како што го остварив јас, изјави нашата преставничка на Олимписките игри во Токио 2020 година