Ѕвездата од серијата „Пријатели“ престана да се дружи со неколку луѓе со кои се гледала секоја недела, бидејќи не се вакцинирани или не сакале да откријат дали се вакцинирале. Таа верува дека наша морална и професионална обврска е да ги информираме другите луѓе дали имаме заштита од короната.
Џенифер Анистон се залага за почитување на епидемиолошките мерки од почетокот на пандемијата и во неодамнешното интервју за списанието „InStyle“, таа ја нагласи важноста од вакцинација против Ковид-19.
– Се уште постои голема група луѓе кои се анти-ваксери или едноставно не ги слушаат фактите. Тоа е вистинска штета – рекла актерката, која токму поради таа причина престанала да се дружи со неколку луѓе од нејзиниот круг на пријатели.
„Само што изгубив неколку луѓе што ги гледав на неделно ниво, бидејќи одбиваа да се вакцинираат или не откриваа дали се вакцинирале или не“, рекла Анистон.
Таа посочи дека верува дека секој има право на свое мислење, но според неа, многу такви мислења се базираат на пропаганда или страв.
– Чувствувам дека наша морална и професионална обврска е да ги информираме другите луѓе ако имаме заштита од корона, бидејќи не можеме сите да се тестираме секој ден. Така мислам дека се ослободив од неколку пријатели со причина – заклучи таа.
Извор: 24сата.хр