Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 9, информираат од УХМР.
Утре не очекува променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8, а температурите се очекува да паднат за неколку степени.
Според УХМР за време на викендот претежно сончево и топло време со умерен ветер од северен правец. УВ=9