Владата го именуваше Стојанче Ангелов за директор на ЦУК – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/21 9:20 PM

Владата го именуваше Стојанче Ангелов за директор на ЦУК

Владата на денешната седница го именуваше Стојанче Ангелов за директор на Центарот за управување со кризи, пренесуваат од владината прес-служба. Ангелов досега ја извршуваше директорската функција како вршител на должност во ЦУК.

Ангелов се најде во центарот на вниманието изминатите денови, по избувнувањето на пожарот во Кочани на втори август и беше обвинет од опозицијата за лошо менаџирање со ситуацијата и неисправните канадери за гаснење на пожари.

Новиот директор на ЦУК ги демантираше обвинувањата, велејќи дека не постои никаков пропуст и дека ако се потврди негова вина за ненавременото реагирање во Кочани, тој е подготвен да ја напушти државата. Исто така, Ангелов потенцираше дека е горд со тоа како ЦУК се справил со гаснењето на пожарите.