Фронтекс: Само мал број мигранти ја користат „балканската рута“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 7:02 AM

Фронтекс: Само мал број мигранти ја користат „балканската рута“

Основната мигрантска рута низ Западниот Балкан, од Македонија, преку Србија, до Унгарија и Хрватска ја користат се помал број мигранти, се наведува во извештај на Европската агенција за гранична и крајбрежна контрола Фронтекст.

Сепак, според Фронтекст, наместо оваа, годинава е видлив зголемен протек на мигранти низ рутите од Албанија, преку Црна Гора, но и од Србија, кон Босна и Херцеговина.

Фронтекст посочува дека во првите седум месеци од годинава бројот на мигарнти што пристогнале во ЕУ е намален за 43 проценти во однос на истиот период лани.

Како што јави ДПА, од јануари до јули годинава во земјите членки на ЕУ пристигнале околку 73.500 мигранти.

Над половина од сите пристигнати мигранти во ЕУ ја користеле рутата низ западниот дел на Средозменото Море, што резултирало со двојно зголемен мигрантски прилив во Шпанија.

Раст на приливот на мигранти е регистиран и преку рутата низ источниот дел на Медитеранот и тоа за 75 проценти, додека од друга страна во истиот период видлив е драстичен пад од 81 процент на бројот на пристигнати мигранти преку рутата низ централниот дел на Средозменото Море кон Италија.