Поради високите температури повлечени се петте хеликоптери кои требаше да гаснат пожар во Пехчево – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/21 6:30 PM

Поради високите температури повлечени се петте хеликоптери кои требаше да гаснат пожар во Пехчево

Двата на АРМ и трите српски хеликоптери кои требаа да го гаснат пожарот во пехчевско, поради исклучително високите температури на воздухот се повлечени, напиша директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на својот „Фејсбук“ профил.

-Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура.
Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени, напиша Ангелов.

Тој додаде дека безбедноста на посадата на воздухопловите, како и безбедноста на луѓето на земја се на прво место.