Барселона се премисли, не го продава Дембеле – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 6:50 AM

Барселона се премисли, не го продава Дембеле

Раководството на шпанскиот шампион Барселона одлучи во летниот трансфер прозорец да не го продава Усман Дембеле.

Како што објавија тамошните медиуми, оваа одлука е донесена по одличното издание на Дембеле на Супер купот на кој играчот го постигна победничкиот гол и му го донесе трофејот на каталонскиот клуб.

Шпекулации за можно заминување на Дембеле од Барселона се појавија откако Каталонците го потпишаа Бразилецот Малком.