Професорката Сара Гилберт е една од научниците кои работеа на создавањето на вакцината за Оксфорд Астра Зенека ја доби својата кукла Барби.
Гилберт, која го предводеше развојот на вакцината за ковид на Универзитетот Оксфорд, рече дека овој гест за неа бил „многу чуден“, но се надева дека ќе ги инспирира младите девојки да се занимаваат со наука, технологија, инженерство и математика, пренесува Гардијан.
„Страсно сакам да ја инспирирам следната генерација девојки во нивната идна кариера и се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барбика ќе разберат колку е витална науката да му помогне на светот околу нас“, рече таа.
„Мојата желба е мојата кукла да им покаже на децата професии за кои можеби не се свесни, како што е вакцинолог“, додаде таа.
Компанијата, исто така, направи модели во чест на другите жени ширум светот кои придонесоа во борбата за време на пандемијата, вклучувајќи ги здравствените работници Ејми О’Саливен и Одри Круз, канадскиот лекар Чика Ориува, бразилскиот биомедицински истражувач Жаклин Гоус де Исус и д -р Кирби Вајт кои создадоа фустан за повеќекратна употреба за медицинскиот персонал.
Презмено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија: Courtesy of Mattel/MEGA / The Mega Agency / Profimedia