На 3-ти овој месец по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Тетово на местото викано „Лапуф“, на подрачјето на Полициското одделение Теарце, во нива, пронашле и одзеле околу 100 стебла од растението канабис сатива, информираат од МВР.
Според сопственикот на нивата С.У.(67) од тетовско Теарце, таа повеќе години не била обработувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.