Дали Цеца брише прашина? Животот на Ражњатовиќ кога ќе се изгаснат камерите – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/21 9:14 AM

Дали Цеца брише прашина? Животот на Ражњатовиќ кога ќе се изгаснат камерите

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ никогаш не открила дали работи по дома, дали готви, брише прашина и како изгледа нејзиниот живот кога ќе се изгаснат камерите.

– Мајка ми инсистираше јас и Лидија да научиме се за тоа навреме, но сега би лажела ако кажам дека го правам тоа. Не уживам ниту ме интересира. Ајде да се разбереме, ако тоа морам да го правам, се разбира дека би го правела. Ништо од тоа не  е страшно, но едноставно, имам можност на избор – вели таа.

Ражњатовиќ открива каков и е животот откако ќе се изгаснат камерите, еве што прави во нејзините „четири ѕида“.

– Лидија и јас, како и нашите деца, сме многу приврзани. Ние сме големо и компактно семејство кое живее заедно и така функционираме со години. Не е важно дали мама или тетка се таму во моментот кога треба да се донесе одлука. Моите деца функционираат на ист начин. Кај нас, се е спонтано и опуштено.

И покрај тоа што Вељко си има свое семејство, а Анастасија живее со нејзиното момче, Цеца открива дека грижата како што ја имала кон нив кога биле мали е непроменета, се уште е мајка која ѕвони на телефони и проверува каде се нејзините деца и што прават.

– Апсолутно! Тие се мои деца доживотно и веќе се навикнати на тоа. Кога беа тинејџери се бунеа, а сега знаат кога ќе се јавам дека е подобро да се јават отколку да бидам упорна додека не ги добијам.

Извор: Курир.рс