(ВИДЕО) Тие се близнаци, а се 2 години разлика: Брат и сестра со нивната приказна станаа хит на интернет – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/21 8:08 AM

(ВИДЕО) Тие се близнаци, а се 2 години разлика: Брат и сестра со нивната приказна станаа хит на интернет

Девојката по име Сар тврди дека е две години помлада од нејзиниот брат близнак, но кога ќе го каже тоа луѓето се збунети од таа информација, но таа има логично објаснување.

Имено, двата ембриони се формирани во ист циклус на ин витро оплодување, при што едниот е веднаш всаден, а другиот замрзнат. Ова значи дека тие биле зачнати истиот ден со ин витро оплодување од истата серија на ембриони, што ги прави неидентични близнаци.

Оваа девојка ги изненади сите кога ја раскажа својата приказна и ја објави на социјалната мрежа TikTok, а во една прилика призна дека е навредена и лута на своите родители бидејќи таа и нејзиниот брат не се родени во ист ден.

– Се збунив кога дознав дека сум во замрзнувач две години и ми беше тешко да разберам дека тој и јас сме близнаци. Мислам дека тоа е нормална реакција за тинејџерка – рече таа.

@sar_sargemy parents “forgot to tell me” apparently♬ original sound – Alex & Maritza Barona

Видеото неочекувано стана вирално и го погледнаа повеќе од 6,3 милиони луѓе, па Сар одлучи да му покаже на својот брат и да одговори на најчесто поставуваните прашања во видеото.

– Не, ние не сме родени во ист ден, не сме идентични близнаци и не личиме слично, но тоа не го менува фактот дека сме брат и сестра – објаснила таа.

@sar_sargePart 2 brother reveal is here! #IVFtwins #fyp #twins #brotherreveal

♬ follow meee taytlaurel – taytlaurel

Иако многумина се воодушевени од оваа приказна, други инсистираат на тоа дека не се близнаци затоа што не живееле во стомакот на својата мајка во исто време.

Преземено од: https://www.kurir.rs/