Преговарачкиот процес за прашањето на Авганистан ќе биде тежок, велат од официјална Москва – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 9:52 PM

Преговарачкиот процес за прашањето на Авганистан ќе биде тежок, велат од официјална Москва

Замир Кабулов, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, рече дека преговарачкиот процес за прашањето за Авганистан ќе биде тежок, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кабулов на тркалезната маса организирана од страна на Фондацијата за поддршка на отворената дипломатија „Горчаков“ во Москва се осврна на прашањето за Авганистан.

Посочувајќи дека ова прашање треба да се реши преку преговори, Кабулов рече: „Не треба да чекаме процес без проблеми. Овој процес ќе биде многу тежок. Сето ова го земаме предвид и многу добро разбираме дека вистинската дипломатија не е базирана на емоции. Дипломатијата се базира на интереси и можности.“

Кабулов истакна дека Русија е во контакт со талибанците, и дека талибанците треба да ги исполнат своите ветувања дадени до нив.

„Ако едната страна одлучи да го прекрши ветувањето што ни го даде, треба да разбере дека ќе тоа ќе има своја цена“, нагласи Кабулов.

Тој рече дека Иран треба да биде вклучен во форматот за Авганистан (Русија, САД, Кина, Пакистан).

„Поради ситуацијата во односите меѓу Иран и САД, што сите ја знаат, Иранците поради политички и идеолошки причини сè уште не се подготвени да седнат на иста маса со Американците за решавање на какви било проблеми“, додаде Кабулов.