Некогашниот кошаркар на белградска Црвена Ѕвезда и Фенербахче, Немања Бјелица, од следната сезона ќе го носи дресот на екс-шампионот во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, пренесува еминентниот новинар на „ESPN“, Адриан Воџнаровски.
Шпекулациите летово го доведуваа Бјелица на европскиот континент, па дури и во АБА лигата во редовите на Партизан, но сепак триесет и тригодишниот кошаркар како слободен играч ќе им се придружи на Дрејмонд Грин, Стеф Кари и Клеј Томпсон во Голден Стејт.
Во својата кариера во најдобрата светска кошаркарска лига, Бјелица настапуваше во екипите на Сакраменто Кингс, Минесота Тимберволвс и Мајами Хит, а најдобрите партии ги пружи во франшизата од Калифорнија.
Додека еден српски кошаркар пристигнува, друг е на излезни врати од Вориорс. Младиот и талентиран центар, Ален Смајлагиќ, се очекува да се пресели во Европа и да стави потпис со Партизан.
Фото:
opencourt-basketball.com