Печалбарите трошат пари за свадби, ресторани и златари, не сакаат да инвестираат – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 2:19 PM

Печалбарите трошат пари за свадби, ресторани и златари, не сакаат да инвестираат

Печалбарите по една година пауза поради пандемијата се вратени во полошко. Тие ја оживееја економијата, особено малите бизниси, како трговијата и угостителството.


Трговците истакнаа дека кога се дојдени печалбарите прометот им е зголемен и до 80 %. Велат без нив тешко дека ќе опстанат. Со парите кои ги трошат во текот на овој период, ќе преживеат цела година.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека допрва ќе се прават проценки колку печалбарите потрошиле пари. Се прават напори според неа дел од гастарбајтерите да се вратат, откако претходно ќе инвестираат во својот роден крај.

Но, печалбарите кои ги анкетиравме велат дека не планираат да инвестираат, ниту пак познаваат некој гастарбајтер кој што сака да вложи во Македонија, поради како што велат несигурноста која ја чуствуваат.

Одередени проценки велат дека на годишно ниво печалбарите со парите кои го трошат го покриваат трговскиот дефицит, а нивниот прилив на пари достигнува и до 1,5 милијарди евра.

Зоран Димовски