Тиквичките се омилен летен зеленчук, бидејќи можат да се приготват на многу начини. Тие се вкусни дури и ако се полнети со месо и ориз или пак ако се полнети со друг зеленчук, како на пример мусака или печени на скара…
Во жешките летни денови, ништо нема поубаво од лесен оброк, а едно од тие е пирето од тиквички.
Се подготвува брзо, состојките не се скапи, а вкусот е фантастичен благодарение на зачинот и сирењето.
Состојки:
1 килограм тикички
малку масло
100 грама кашкавал
копер
сол и бибер
Подготовка:
Исчистете го лукот и исечете го на парчиња. Истурете малку масло и 100 милилитри вода во тавата, потоа додадете ги тиквичките, покријте ја тавата и оставете ги тиквичките да се динстаат максимум 10 минути на средна топлина.
Потоа истурете го вишокот вода, префрлете ги тиквичките во друг сад, додадете ситно исечкан копер, сол и бибер и изгмечете ги со вилушка или измешајте со миксер за стапчиња.
Додадете 100 грама рендан кашкавал, добро измешајте го пирето и сервирајте додека е топло.