Испораката на електрична енергија во Кочани во најголем дел стабилна, етапно ќе се нормализира во Ранковце и Кратово, велат од РКЕ – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 1:07 PM

Испораката на електрична енергија во Кочани во најголем дел стабилна, етапно ќе се нормализира во Ранковце и Кратово, велат од РКЕ

Испораката на електрична енергија во регионот на Кочани, каде имаше привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ посочуваат дека складот на Макпетрол не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.

-Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, а се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Складовите со нафтените деривати, каде се и дел од државните резерви, пак, не се зафатени од пожарот, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

МИА