Жената на која и рекле дека нема да може да роди сега има дури 10 деца – Четири свои, а шест посвоени – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 1:29 PM

Жената на која и рекле дека нема да може да роди сега има дури 10 деца – Четири свои, а шест посвоени

40 -годишната Алисија и 42 -годишниот Џошуа Догерти од Њујорк се обидувале да имаат бебе веќе девет години, но жал Алисија имала 11 спонтани абортуси.

Иако им било кажано дека нема да можат да имаат деца, тие сега се горди родители на 10 дечиња.

Алисија била уништена кога и рекле дека нема да може да роди, но таа ги изненадила сите и родила дури четири деца, а посвоила уште шест.

Семејството започнало да расте во 2010 година, кога Алисија и Џошуа го посвоиле Алекс, сега 15 години. Алисија летала за Јужна Дакота да го земе четиригодишниот Алекс и да  го однесе дома.

– Беше лудо, го напуштивме Њујорк без дете,  но се вративме дома со син. Тоа беше неверојатно што конечно имаше бебе во куќата. Влета во собата и беше толку возбуден и извика „мамо, тато“, беше многу среќен што не има нас- изјавла Алисија.

Само шест дена откако го донеле Алекс дома, Алисија дознала дека е бремена.

– Џошуа и јас бевме во шок со часови. Тоа беше неверојатно “, рече таа.

Со ќерката Зои се породила во 2012 година. Една година подоцна, тие го посвоиле Џејмс, сега 14-годишно момче. Алисија тогаш дознала дека е повторно бремена и го родила сега седумгодишниот Даш. Прогестеронот што Алисија го земала на крајот и ја зголемила нејзината плодност.

Семејството се зголемило  за уште два члена во 2015 година, кога им се придружиле близнаците Jордан и Џејсон. Алисија го родила синот Боди (2), ќерка Харл (2) и ги посвои Патрик (12) и Бри (10).

– Живеам во луда хаотична куќа, но сега сум навикната и никогаш не би ја променила. По години размислување дека никогаш нема да имам дете, сакам да го отворам срцето за што е можно повеќе деца. Сигурна сум дека ќе посвоиме повеќе -изјаила Алисија за медиумите.

 

Извор: 24.сата.хр.