Брзи и бесни за Илинден: МВР казни 417 возачи – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 9:59 AM

Брзи и бесни за Илинден: МВР казни 417 возачи

Продолжениот викенд и празнувањето на Илинден, за некои несоведни возачи беше казнето од полицијата поради непочитување на пропишаната брзина на движење, а со тоа си заработиле казна. Од вкупно 417 казнети возачи, 37 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 417 возачи. Од нив, 37 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Фотографија: Фејсбук МВР