Вирусот се враќа во Вухан: Властите го тестираат целото население – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/21 8:29 AM

Вирусот се враќа во Вухан: Властите го тестираат целото население

Властите во кинескиот град Вухан соопштија дека ќе ја тестираат целата популација за коронавирус, откако за првпат, по повеќе од една година, се појавија нови локални случаи на инфекција. Градот со 11 милиони жители ќе почне со сеопфатно тестирање на нуклеинска киселина – изјави на прес конференција високиот претставник на Вухан, Ли Тао.

Властите вчера објавија дека меѓу работниците мигранти во градот се регистрирани седум нови случаи и тоа по повеќе од една година без домашни случаи откако на почетокот на ланската година епидемијата беше запрена со карантин. Последните денови Кина ги затвори жителите на одредени градови во нивните домови, ги прекина домашните транспортни врски и воведе масовно тестирање додека се бори со најголемиот бран во последните неколку месеци.

Во Пекинг се рестирани милиони граѓани, делови од градот се блокирани, а сите блиски контакти на заразените се во карантин.

Фото:  Илустрација  / Unsplash

Извор:    blic.rs