Разводот на основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и Мелинда Франс Гејтс, ко-основач на една од најголемите приватни фондации во светот, заврши вчера пред судот во Сиетл.
Двојката поднесе барање за развод на 3 мај по 27 години брак.
Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа, потсетува Ројтерс.
Гејтс поддржува широко пофалени програми за борба против маларија и детска парализа, како и за исхрана и вакцинација на децата.
Минатата година, нивната фондација донираше околу 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата „Ковид-19“.
Извор: Блиц.рс