Од денесстапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката, информираа ноќеска по полноќ од Влада.
Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Доцна нокеска министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во Кочани изјави дека во пожарите нема повредени лица со изгореници или тешки повреди, но, има десетина пациенти во кочанската болница кои вдишале чад.
– Четворица пациенти се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување. Ние го мобилизиравме целокупниот здравствен систем во сите здравствени домови и болници во околината. Со оглед на тоа што е време на летни одмори, телефонски ги контактиравме и докторите и медицинските сестри и сите се на „стенд бај“ и во Кочани и во здравствениот дом во Штип. Се надевам дека нема да има потреба за интервенција, рече Филипче.
Објавено на: 08/3/21 6:42 AM


