Пендаровски побарал помош од Радев за гаснење на пожарите, „канадерите“ на ДЗС чекаат сервис – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/21 9:36 PM

Пендаровски побарал помош од Радев за гаснење на пожарите, „канадерите“ на ДЗС чекаат сервис

Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека разговарал со својот бугарски колега Румен Радев и договорил помош за гаснење на пожарите.

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, објави Пендаровски.

Инаку „канадерите“ на Дирекцијата за заштита и спасување  веќе втора година се приземјени поради тоа што не се сервисирани, па не можат да бидат вклучени во гаснењето на пожарот. Армиските хелихоптери, пак, немаат техничка можност да летаат ноќе, па на терен ќе бидат пратени дури изутрина.

Гаснењето на пожарите засега се одвива само од земја, а вклучена е и армијата. Состојбата е најкритична во Кочани, каде пожарот зафати куќи и возила, а десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење.

Поради силниот ветер пожарот сега се шири  во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол” и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.

Премиерот Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја напуштија манифестацијата по повод Илинден на Мечкин Камен и заминаа во Кочани.