Германија од септември ќе почне да нуди трета доза на вакцина против коронавирус и ќе го олесни пристапот до вакцина на лицата од 12 до 17 години, соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.
Министерот за здравство Јенс Шпан и неговите колеги од 16 покраини се согласија дека старите лица и загрозените категории би требало да примат и трета доза против вирусот, поради смалениот имунолошки одговор кај одредени старосни групи.
– Мобилните тимови за вакцинација треба да се пратат во домовите за стари лица со цел на штитениците да им биде понудена доза на Фајзер или Модерна, без разлика која вакцина претходно ја примиле, се наведува во препораката.
Докторите исто така ќе може да дадат трета доза на лица со послаб имунитет.
Додатна доза вакцина ќе им биде понудена на сите кои примиле две вакцини на АстраЗенека или една од Џонсон и Џонсон.
Министрите се согласиле дека вакцината ќе биде достапна за постари од 12 години, што е чекор понапред од препораките на Советодавниот тим за вакцини чија моментална препорака е вакцината да се дава на деца од 12 до 17 години долколку имаат проблеми со здравјето.
извор:аваз