СДСМ попладнево преку соопштение реагираше во врска со прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која обвини за непотизам во здравството.
ВМРО-ДПМНЕ деструктивно се однесува кон интересите на граѓаните, нема идеја, нема став за клучните прашања од интерес на државата и иднината. Затоа секојдневно во јавноста шири лажни вести што немаат никаква врска со реалноста. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ придонесе да се распространи корупцијата до невидени размери. Но, тоа е минато. Македонија сега се движи во правец на одговорност, отчетност и почитување на законите и процедурите – се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, Владата предводена од СДСМ за една година стана најтранспарентна во регионот.
Директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки затоа што Управниот одбор на клиниката за хематологија со одлука и ги има одземено надлежностите. Затоа и претседателот на Управниот одбор на оваа клиника е овластен во процесот на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката.ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните – се додава во реакцијата.