Стоилковски: Семејната фирма на директорката на Клиниката за хематологија добила милионски тендери од Министерството за здравство – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 4:53 PM

Стоилковски: Семејната фирма на директорката на Клиниката за хематологија добила милионски тендери од Министерството за здравство

Семејната фирма на директорката на Клиниката за хематологија добила милионски тендери од Министерството за здравство, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол. Наум Стоилковски на прес конференција соопшти дека  во три тендери Клиниката за хематологија доделила над 3 милиони евра на веледрогеријата „д-р Пановски“, чиј сопственик Златко Пановски е татко на директорката на Клиниката,  Ирина Пановска Ставридис.

„За жал, ова не е и нема да остане единствената афера поврзана со директорите на клиниките кои во семејни врски со веледрогерии и компании со кои клиниките имаат договори си ги вртат парите. Вакви врски има во уште најмалку пет клиники под раководство на Филипче и Заев. Од татко на ќерка, од братучед на братучед, од брат на брат. Од Клиниките се слеваат огромни пари во приватните џебови на неколкумина. Во периодот што следи најавуваме ќе ги објавиме овие информации. Со СДСМ на голема врата се враќа белата мафија во здравството. Имаме приватизирано тендер здравство во кое се бројат црните милиони и растечките смртни случаи“, нагласи партискиот портпарол.

„Во само половина година министерството за здравство го тресат невидени секојдневни скандали и афери поврзани со милионски крвави тендери, непотизам и делење на пари во четири очи на семејни компании. За дел од нив и ОЈО отвори случаи, но јасно е како тие ќе завршат. Правосудниот систем е во јарем на главниот реформатор инаку аболициран и помилуван за случаи како Глобал и Поткуп. Оттука јасно е и зошто и како здравството стана најнов бонбона бизнис за полнење на сметките на партиски компании. Одговорност за ова мора да има и ќе има тогаш кога ќе профункционира правниот систем, кога државата нема да биде на тапет во светот заради корупција поврзана со власта, тогаш кога правосудството навистина ќе се реформира. Тогаш кога Република Македонија ќе се ослободи од СДСМ и од Зоран Заев и Република Македонија ќе победи“, истакна Стоилковски на денешната прес-конференција.