Тринаесет активни пожари беснеат низ земјава, а неколку од нив се исклучително сериозни, изјави за „Телма“ директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Најсериозна како што потенцира е состојбата во Старо Нагоричане каде огнот е стигнат речиси до куќите во селата Кокино и Степанце. Овде дејствува и армиски хелихоптер, а со наредба на врховниот командат на АРМ, претседателот Пендаровски, помош при гаснењето на пожарите ќе даде и пешадијата на АРМ.
Состојбата како што информираше Ангелов, е сериозна и во Македонски Брод, Делчево и во Липково.
Според видеа кои се шират на социјалните мрежи, состојбата повторно мошне сериозна е и во Кочани. Кочанчани масовно споделуваат видеа и бараат итна институционална реакција.
Кочани Гори 🔥 улица Васил Главинов е нај погодена и сите кои можат да помогнат се упатени таму. Граѓаните бегаат од населбата и ги напуштаат куќите за да не се угушат од чадот. Ветерот е многу силен. 🙏🚨 pic.twitter.com/ERwBTilhes
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) August 2, 2021
Овде пред неколку дена избувна голем пожар кој изгоре околу 20 хектари шума.
Според фотографии кои стигнаа до ММС, шумски пожар има и кај Валандово.
фото: принтскрин