Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство, вели Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/21 5:13 PM

Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

– Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава за телевизија „Телма” и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Можни се евентуалните ограничувања воведени на есен и тоа наменети само за невакцинираните граѓани.

– Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.

Вирусот во изминатата година е виновен за илјадници смртни случаи насекаде па и кај нас и министерот е со став дека смртноста е еднаква насекаде во регионот.

Во болниците се спроведуваат сите протоколи на лекување, уверува за „Телма” министерот и дополни дека здравствениот систем и во моментов е подготвен да одговори на евентуален нов бран на зараза.

 

МИА