Над 200 стебла канабис биле пронајдени денеска во атарот на село Теарце, тетовско.
– Денеска (02.08.2021) во 14.30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, по преземени мерки и активности на место викано “Лапуф”, атар на с.Теарце, во близина на железничката пруга, пронајдени се над 200 стебла канабис, стои во соопштението од МВР.
Од таму наведуваат дека за настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.