Нови 54 случаи на ковид, повеќе од половина се во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/21 2:36 PM

Нови 54 случаи на ковид, повеќе од половина се во Тетово

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19.

Од новите случаи, 32 се во Тетово, 13 во Скопје, четири во Дебар, по два случаи има во Гостивар и Валандово и еден во Кичево.

Лице од Тетово, починало во болнички услови, а е на возраст од 77 години, соопштуваат од МЗ.

Денеска се регистрирани и 28 оздравени пациенти, од Скопје се 12, Куманово четири, Тетово три, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по два и Струмица еден.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506, бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)
Скопје 68930, Активни 184
Куманово 8959, Активни 67
Прилеп 8340, Активни 11
Тетово 7496, Активни 177
Битола 6335, Активни 25
Велес 5479, Активни 3
Гостивар 5237, Активни 47
Кавадарци 5160, Активни 4
Охрид 5030, Активни 9
Штип 4966, Активни 3
Струмица 4144, Активни 16
Струга 2988, Активни 5
Кочани 2799, Активни 5
Кичево 2618, Активни 15
Гевгелија 2197, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1164, Активни 3
Берово 1035, Активни 3
Делчево 974, Активни 1
Дебар 965, Активни 21
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 271, Активни 2
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0