Пет лица се повредени, а 800 се евекуирани откако во јужниот дел на градот Пескара во Италија избувна силен пожар.
Според агенцијата „Аги“, евакуирани се 800 лица од дом за стари лица, манастир на монахињи, многу мештани од своите куќи и сите туристи на тој дел од брегот.
Изгорена е заштитена зона во природен резерват, а утврдено е дека пожарот почнал од три различни места, што е речиси сигурен знак дека е подметнат.
Обвинителството на Пескара отвори случај, а истрагата треба да утврди дали се работи за пироманство или во позадина стојат криминалци кои преку пожари се обидуваат да ја преиначат категоризацијата на земјиштето.
Сепак според италијанските закони, забрането е на земјиштето кое е уништено во пожар да му се преиначи намената.
Северниот дел на земјата, пак, е погоден од поплави по обилните дождови, а најпогоден е регионот Комо.


