Смалена плата за грчките наставници кои не сакаат да се вакцинираат – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/21 11:02 AM

Смалена плата за грчките наставници кои не сакаат да се вакцинираат

Просветните работници во Грција кои ќе одбијат да се вакцинираат или редовно да се тестираат пред настава, ќе се соочат со намалување на платите и други дисциплински мерки во согласност со заедничката министерска одлука која се уште е во припрема, пренесува „Катимерини“.

Според неименувани извори, новите прописи изработени од грчкото министерство за образование, со цел од септември да се обезбеди сигурна учебна година во училиштата и на универзитетите, се однесуваат на целата администрација и наставниците кои се вработени на неопределено време и по договор.

Според новите одредби, освен намалувањето на платата, редовно вработените наставници може да бидат и суспендирани и да останат без плата до вакцинацијата, додека пак на оние со времен договор ке им бидат суспендирани договорите.

Вработените исто така ќе се соочат и со губење на бодови во согласност со системот за бодување на државната служба, што пак ќе вијае на нивното идно напредување или вработување.

 

 

извор: србија данас