Нови 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 5.759 тестирања. Од нив 20 во Скопје, во Куманово -14, Тетово – 10, Гостивар – девет, Битола – седум, Струмица – пет, Охрид – три, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово по еден случај.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани сe девет оздравени пациенти од: Скопје – три, Куманово и Штип – по два, Струмица и Кочани – по еден и не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.