Пронајдена почината жена во опожарена куќа во скопско Волково – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/21 3:58 PM

Пронајдена почината жена во опожарена куќа во скопско Волково

Рано утринава во СВР Скопје било пријавено дека во скопското село Волково настанал пожар во куќа, како што информираат од полицијата во куќата била пронајдена почината 51 годишна жена.

„На 01.08.2021 во 04.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа. При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција“, стои во полициксиот билтен на МВР.