Колку „тежат“ српските познати пејачки ?! – Вртоглави суми се во игра, една дури има богатство во вредност од 100 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/21 2:48 PM

Колку „тежат“ српските познати пејачки ?! – Вртоглави суми се во игра, една дури има богатство во вредност од 100 милиони долари

Српските медиуми објавија вртоглави бројки на заработките на српските позанати ѕвезди, тие се повикуваат на светски познат сајт кој открива колку богатство имаат Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша, но и други познати поп sвезди.

Еден од најпознатите светски сајтови за проценка на богатството на славните личности, нето вредноста на славните, ги објави своите проценки за тоа колку наводно се „тешки“ најпознатите пејачи.

Едно прашање што најмногу ги интересира сите е кој има повеќе Светлана Цеца Ражнатовиќ или Јелена Карлеуша?!

Судејќи по овој сајт, Цеца ја однесе оваа победа со разлика од дури 40 милиони долари.

Како што се наведува српскиот медиум, богатството на Цеца се проценува на 80 милиони долари, додека Карлеуша наводно има двојно помалку „само“ 40 милиони!

Меѓутоа, една пејачка гоо зазеде првото место на оваа листа – Драгана Мирковиќ, за која велат дека има богатство вредно дури 100 милиони долари!

Тие тврдат дека Лепа Брена поседува 25 милиони долари, а кога ќе се пребарува името на Лепа Брена, сумата е 16 милиони долари.

Според податоците на оваа страница, богатството на пејачот Здравко Чолиќ изнесува 20 милиони долари, додека неговиот колега од БиХ, пејачот Дино Мерлин, нема причина да се грижи, бидејќи неговото богатство се проценува како и Драгана на 100 милиони долари.

Преземено од: https://mondo.rs/