Летни мафини со банана – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/21 12:46 PM

Летни мафини со банана

Ако не сте голем љубител на свежи банани, а ви се наоѓаат по дома тогаш еве една одлична идеја како може да ги искористите, а да не ги фрлите. Направени мафини од банани. Постапката е едноставна, а состојките кои се користат сигурно ги имате дома.

Состојки:
*Тесто:
-75 гр кокосово масло
-170 гр мед
-2 јајца
-3 зрели банани
-55 мл млеко
-1 лажичка сода бикарбона
-1 лажичка екстракт од ванила
*1/2 лажичка сол
-1 лажичка мелен цимет
-220 гр брашно

*Полнење:
-1 лажица ореви
-1 лажица смрзнати бобинки
-1 лажица темно чоколадо на парчиња

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени и ставете ги хартиените корпи во калапот за мафини. Измешајте ги кокосовото масло и медот заедно, потоа доддете ги двете јајца.

Изгмечете ги бананите и измешајте ги во смесата заедно со млекото. Потоа додадете сода бикарбона, сол, цимет и екстракт од ванила и додадете и измешајте го брашното.

Пополнете ги корпите за мафини со лажица, а потоа измешајте една лажица полнење (парчиња ореви, шумски плодови или темно чоколадо) во секој мафин.

Печете 15 до 20 минути додека не поруменат.