Српската контроверзна пејачка Јелена Карлеуша во летните жешки денови се разладува во Турција, поточно во Бодрум, заедно со нејзините ќерки.
Таа неодамна на нејзиниот инстаграм профил објави видео во кое поради пожарите во непосредна близна на хотелот каде што била сместена, беше евакуирана. Но изгледа дека тоа не и го расипа одморот на Карлеуша, па продолжи со летувањето во Турција.
Провокативна како и секогаш, овој пат позира во друштво на нејзините ќерки покрај базен, а по фотографијата таа напиша „We love it here“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фотографија: Инстаграм


