Повлечени неколку вида сладоледи во кутија и на стапче поради пестицид, информира Министерството за земјоделство на Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/21 10:51 PM

Повлечени неколку вида сладоледи во кутија и на стапче поради пестицид, информира Министерството за земјоделство на Хрватска

Министерството за земјоделство на Хрватска во денес ги информираше потрошувачите за повлекување на три вида сладолед во пакет од 2,5 литри поради идентификуваниот пестицид од етилен оксид во адитивот што се користи во процесот на нивното производство.

Министерството за земјоделство наведува дека деловниот субјект со храна Metro Cash & Carry d.o.o.  како мерка на претпазливост ги отповика следните сладоледи: МЦ сладолед од ванила 2,5 литри,GTIN 4337182040415, LOT: PL1048, PL1049, PL1050, рок на траење: 31.8.2023.;. МЦ сладолед од ванила 2,5 литри,GTIN 4337182139997, LOT: PL1130, рок на траење: 30.11.2023.; МЦ Минт чоколаден сладолед 2,5 литри, GTIN 4337182040668, LOT: PL1050,  рок на траење: 31.8.2023 година и сладолед МЦ Нугат 2,5 литри, GTIN 3439496402895, LOT: PL1082,  рок на траење: 30.9.2023 година.
Производите не се во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр 396/2005 за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна за животинско и растително потекло и за изменување и дополнување на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ.

Хрватското министерството, исто така, во петокот објави дека се повлекуваат четири видови сладолед. Министерството наведува дека добавувачот, Марс Хрватска доо, поради претпазливост ги повлекол производите Сникерс екстра сладолед бар 66 гр – сингл, сладолед Сникерс 48 гр – кутија со 6 пакувања, Твикс сладолед бар 47 гр – сингл, Твикс сладолед бар 34,2 гр – 6 пакувања кутија, Баунти сладолед бар 39,1гр – 6 пакувања кутија и М & М кикиритки сладолед стапче 62 гр – сингл.

Инфо: dnevnik.hr/