(Видео) Ужас! Нов пожар во Бодрум, туристите евакуирани – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/21 9:18 PM

(Видео) Ужас! Нов пожар во Бодрум, туристите евакуирани

Туристите во Турција денеска побрзаа во пресрет на  чамците за спасување, откако им беше кажано да се евакуираат од некои хотели во егејското одморалиште Бодрум поради непосредна опасност од пожар, објавија турските медиуми.


Единиците на крајбрежната стража ја спроведоа операцијата, а властите побараа од сопствениците на приватни чамци и јахти да помогнат во евакуацијата поради непосредна опасност од нови пожари, пренесува АП.


Бројот на жртвите од пожарите во турските медитерански градови денеска се искачи на шест откако загинаа двајца шумски чувари, потврди турскиот министер за здравство.

 


Извор: kurir.rs

Фото: Твитер