Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена со уште едно бебе. Давајќи изјава на својот Инстаграм профил, таа рече дека двојката очекува дете околу Божиќ.
Двојката, која се венчаше на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер пред два месеци, го доби своето прво дете на 29 април 2020 година. Момчето го доби името Вилфред Лаври Николас Џонсон, во чест на лекарите што го спасија премиерот од ковид.
Сопругата на Џонсон (33) откри дека годинава имала абортус, поради што нејзиното срце било „скршено“.
„Се чувствувам неверојатно благословено што сум повторно бремена, но се чувствував и како вреќа со нерви“, рече таа. „Прашањето за плодност може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога на платформи како Инстаграм може да изгледа дека се оди добро“, рече таа.
Борис Џонсон имаше два неуспешни брака кои завршија поради неговите афери. Од бракот со Марина, Борис има четири деца: Лара (26), Мило Артур (24), Касија (22) и Теодора (20).
Во 2009 година, Џонсон имаше вонбрачно дете со Хелен Мекинтајр. Следуваа години на правна борба за да се сокријат тие информации од очите на јавноста. Меѓутоа, Апелациониот суд во 2013 година заклучи дека јавноста има право да биде информирана за тоа, бидејќи Џонсон е јавна личност.
Ова сега ќе биде седмото дете што го очекува премиерот.
Извор: Б92.нет