На 29-ти овој месец во 12.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 67-годишен жител на Свети Николе пријавил дека бил измамен од едно лице, информираат од МВР.
Лицето му понудило огревно дрво за одредена сума пари, а откако му ги дал парите, заминало без да ги донесе дрвата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.