Премиерот Зоран Заев изјави дека парите од дијаспората не подлежат на оданочување.
Одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, изјави: „Уште еднаш да биде јасно за граѓаните, се оданочува тоа што е приход како заработка. Тоа што е помош кон семејствата, од надвор, тоа не е цел на оданочување согласно законите во Република Македонија. Ако некој има приход од странство, заради тоа што работел во странство, или направил интелектуална услуга во странство, и заради тоа добил приход, тој приход се оданочува. Дотациите што нашинците ги испраќаат на нашите граѓани овде, ниту со закон е определено ниту некој може да ги оданочува и таа дилема треба да ја отстраниме“, рече Заев.