Извинете ама играв под лекови и болки, телото ми откажа, се пожалил Новак Ѓоковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/21 1:45 PM

Извинете ама играв под лекови и болки, телото ми откажа, се пожалил Новак Ѓоковиќ

На прес конференцијата, српскиот тенисер и најдобар играч во светот, Новак Ѓоковиќ, им се извини на сите во Србија што не успеал да освои барем еден медал на Олимписките игри во Токио.
„Се извинувам на сите фанови во Србија кои ги разочарав. Знам дека многумина очекуваа медал од мене, а и јас. Жал ми е и поради Нина, но тело потполно ми откажа, играв под лекови и болка и абнормална исцрпеност “, рече првиот светски тенисер, а потоа се сврте кон последниот Грен слем во годината.
„Се надевам дека повредите нема да ме спречат да настапам на УС Опен, бидејќи не е само еден, ги има повеќе“, откри Новак.

И покрај се, тој е среќен што имаше можност да се бори, да освои барем еден медал за својата земја, и не се кае за својата одлука за момент.

„Моето срце е на место затоа што знам дека дадов се од себе. Сакам да играм за мојата земја, не успеав, ајде да продолжиме понатаму “, Новак  сепак е оптимист.