Не се сеќаваат како дошло до несреќата – Сообраќајка крај Лесковац, повредени двајца од Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/21 1:23 PM

Не се сеќаваат како дошло до несреќата – Сообраќајка крај Лесковац, повредени двајца од Македонија

Нешто после 8 часот утрово, се случи сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, во која беа повредени двајца мажи од Северна Македонија, потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац.

Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година.

– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.

– Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува Југмедија.

МИА