Скопјани тргнале на викенд со марихуана, анфетамин и вага, па уапсени во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/21 11:29 AM

Скопјани тргнале на викенд со марихуана, анфетамин и вага, па уапсени во Гостивар

МВР информира дека вчера околу 19.30 часот на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишиле од слобода троица скопјани. 

-Вчера се лишени од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.