Бесен работник во градежништвото нанел штета од речиси половина милион фунти на новоизградена зграда, чиј изведувач бил, бидејќи сопственикот не му ги исплатил парите.
Зградата била празна, така што никој не бил повреден, а околу 50 очевидци во неверување ја гледале сцената. Се разбира, инцидентот е снимен, а на видеото се гледа како багер арогантно се движи кон зградата и демолира се пред неа.
Сопственикот на зградата во градот Блумберг на југот на Германија, наводно, му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а по расправија багеристот одлучил да се одмазди во средата во 7.30 часот наутро.
По дивјачкиот напад, полицијата ја блокирала областа од страв да не ги оштети плинските боци во зградата. Штетата што ја направил се проценува на 499.000 евра.
Градежниот работник ја напуштил сцената со својот автомобил, оставајќи зад себе уништена нова зграда. Подоцна се предал на полицијата.
Сведоци изјавија за германските весници дека изведувачот запрел понатамошно уништување само затоа што се скршило хидрауличното црево на багерот, пишува Јутарњи лист.